Објавено на 04 Јуни, 2017 во Вести
Македонија- Турција
Контролен натпревар
5. јуни 2017., 19:45
Национална арена „Филип Втори“, Скопје.
Селекторот на А репрезентацијата на Македонија Игор Ангеловски и напаѓачот Илија Несторовски на прес-конференција ги кажаа своите очекувања од пријателскиот натпреварот со Турција кој го играме утре во 19:45 часот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
Здравствениот билтен на Македонија е добар, сите фудбалери се на располагање и подготвени да го дадат максимумот на утрешната пресметка.
-Репрезентацијата на Турција располага со квалитет и мислам дека ќе имаме можност на вистински начин да направиме една контрола. Очекувам од моите фудбалери да бидат на нивото, исто како и на претходните натпревари. Сакаме да ја задржиме истата игра и да продолжиме со позитивните резултати. Фудбалот се игра за победи, сеедно дали е пријателски натпревар. Ни треба и поддршка, се надевам дека на трибините ќе има навивачи бидејќи ни се потребни“, изјави Ангеловски.
Илија Несторовски посакува победничката серија на македонската репрезентација да продолжи и против 25. светска селекција на ФИФА листата.
„Секој натпревар ни е важен, навистина добро се подготвуваме. Сакаме да ја продолжиме победничката низа. Се надевам дека со триумф против Турција на вистински начин ќе го најавиме мечот со Шпанија“, изјави Несторовски.
Пријавите ќе бидат отворени во периодот од 04.01. до 15.01.2021 година!...