Објавено на 01 Јуни, 2020 во Вести
На 68-годишна возраст, синоќа, во Скопје, почина Бранко Костадиновски (1952-2020).
Тој речиси целиот работен век (до 2015-та) го помина во Фудбалската федерација на Македонија. Беше дел од Комисијата за натпреварување задолжен за Прва и Втора македонска фудбалска лига, а подоцна задолжен за натпреварувањата во футсал преку Комисијата за мал фудбал.
Погребот е утре во 12.00 часот на гробиштата во Ѓорче Петров. Претставник на Фудбалската федерација на Македонија ќе му оддаде последен поздрав на долгогодишниот фудбалски работник.
Пријавите ќе бидат отворени во периодот од 04.01. до 15.01.2021 година!...