Објавено на 27 Ноември, 2014 во Вести
На тренинг центарот „Петар Милошевски“ контролен натпревар одиграа фудбалските паралелки на Скопје и Штип. Убедлив триумф од 7-1 оствари фудбалската паралелка од Скопје.
Фудбалерите од скопската паралелка беа подобар противник во текот на целиот натпревар и заслужено се радуваа на убедлива победа. По два гола постигнаа Филиповски Леон, Трпевски Александар и Јакимовски Дарко, а еден погодок постигна Адиловски Астрит. Единствениот гол за паралелката од Штип беше дело на Анчов Драган.
Тренерите во Паралелката Скопје, Ѕвонко Златановски и Роберт Стојановски дуелот го започнаа во следниот состав: Тимевски Бојан, Бесар Буши, Адиловски Астрит, Здравковски Нинослав, Таневски Самоил, Насковски Гоце, Бислими Гент, Фетиши Аган, Алексовски Филип, Филиповски Леон, Димовски Никола.
Димитар Маџуранов и Никола Кузманов, предводниците на паралелката Штип средбата ја започнаа во следниот состав: Сандевски Марио, Јанковски Денис, Стоилоски Никола, Нацев Иле, Лазев Никола, Гоцевски Марио, Ратков Антон, Стојанов Мартин, Миовски Бојан, Велиновски Кристијан, Ласков Борче.
Пријавите ќе бидат отворени во периодот од 04.01. до 15.01.2021 година!...